За нас
ЕЛИКО Олива Гарден е една од ретките компании во Македонија во областа на обработка и пакување на маслиново масло. Компанијата е со седиште во Скопје, а погонот се наоѓа во индустриската зона Раброво, Валандово каде има и плантажа на маслинки со површина од 3 хектари. Во текот на оваа година е планирано подигнување на 4 нови хектари на маслинов насад. По однос на вкупно засадената површина ЕЛИКО Олива Гарден претставува сериозен производител на маслиново масло во домашни рамки.
Маслото ЕЛИКО Олива Гарден е наменето за употреба во исхраната како масло за зачинување на салати, преливи, сосови и сл. без дополнително термичко обработување, како и за масло за готвење (погодно за термичка обработка).
Произведено во јужните краишта на Балканскиот полуостров, каде климата е погодна за одгледување на маслинки, маслото ЕЛИКО Олива Гарден изобилува со витамини А и Е, заситени масни киселини (палмитинска, стеаринска, и други заситени масни киселини), незаситени масни киселнини (олеинска, линолеинска и други незаситени масни киселини) како и полифеноли кои се многу моќни антиоксиданти. Содржи и стероли, хлорофил, каротеноиди, токоферол, феноли и др., како и многу минерали меѓу кои калциум, магнезиум, железо, фосфор, калуим и др.
Како резултат на иновациите во сите активности кои вообичаено претставуваат движечка сила за компанијата, а благодарение и на врвниот квалитет на производите кои ги нуди, флексибилност и конкурентни цени, ЕЛИКО Олива Гарден постојано стекнува нови пазари во земјата и пошироко.